еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133

Лидерот на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, кој е во кавга со поранешниот претседател на партијата, Зијадин Села поради несогласување како АА да настапи на престојните избори, синоќа во Куманово доби подршка од 75 од вкупно 133 членови на Централното собрание.

Бројката со новинарите ја сподели портпаролот Блерант Рамадани, кој рече дека подршка претходно му дале уште 10 членови (делегати), ама поради притисоци не дошле на собирот во Куманово.

Тие сите едногласно одлучиле да потпишат декларација со која му даваат поддршка на Таравари, партијата на изборите да настапи во коалиција со Беса, Алтернатива и Демократскиот сојуз.

На собирот во Куманово, според Рамадани, се одржал и состанок на Централното претседателство (на кое претседател е Села) на АА на кој присуствувале 17 од вкупно 29 члена и сите од присутните, како што рече тој, му дале поддршка на Таравари.

За утре во Скопје седница на Централното собрание, кое треба да ја донесе конечната одлука за настап на партијата на изборите, закажа Села.

По оваа седница ќе бидат појасно и како ќе функционира партијата и дали истата ќе се подели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илир Демири, предлог на АА за министер за здравство на местото на Фатмир Меџити

Ќе ја „падне“ ли и техничката влада кавгата на Таравари и Села?

Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат за сезонски грип

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекува 391 болен, сомнителен и потврден за Ковид-19

Редакција

Кои компании донираа пари за изборната кампања на СДСМ и Коалицијата „Можеме“?

Редакција