еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања по нејзиното исчезнување се движел кон Александар Палас и Качанички пат, откри началник на СВР

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведокот на Јавното обвинителство, Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал при СВР Скопје, меѓудругото рече таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, еден од обвинитетите, по нејзиното исчезнување се движел кон Александар Палас и Качанички пат.

Неговото движење како што посочи било анализирано преку сејф сити камерите и откриле дека на денот на исчезнувањето и убиството на девојчето, возилото на нејзиниот татко по 9:15 часот утрото, било снимено како поминува покрај хотелот Александар Палас кон Качанички пат, патот по кој еден час претходно се движеле цитроенот и кангуто, управувани од обвинетите.

Началникот во судница кажа дека за време на распитот на Ѓорчевски го прашале како знаел во кој правец да се движи за да ја лоцира Вања, на што тој одговорил дека поведен од криминални филмови заклучил дека киднаперот секогаш се движи кон најблиската граница.

Го прашал зошто во тој случај не заминал на граница, а Ѓорчевски му одговорил дека имало многу гужва.

Димовски посочи и дека за него било чудно тоа што Ѓорчевски ги предвидувал настаните односно прво кажал дека е киднапирана, а потоа велел дека е убиена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите Манев и Видевски посочиле на вмешаност на таткото на Вања

Вања беше како жива, солзи ни дојдоа на очите: Началник на СВР раскажа дека полицајците биле шокирани кога било пронајдено нејзиното тело

Вања имала виртуелно момче од Шведска кое на профил имало знамиња на ИСИС, полицијата не нашла поврзаност, изгубила два дена во проверки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема опасност од поплавување на куќи во Зелениково и Велешко, состојбата треба да се следи, велат од ЦУК

Редакција

Се заканува затворање на 800 туристички агенции ако се изземат од мерката „Ваучер за домашен туризам“

Редакција

Тројца адвокати од случајот „ТНТ“ казнети со по 2.000 евра поради обид за одолговлекување на судењето

Редакција