еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања Ѓорчевска останува во притвор

Советот за казниви дела при Врховниот суд ја одби жалбата на осомничениот за киднапирање на 14-годишната Вања Ѓорчевска, нејзинот татко, Александар Ѓорчевски.

„Советот за казниви дела донесе решение со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд скопје од 1.март годинава“, наведуваат од Врховниот суд.

Адвокатот на Ѓорчевски побара укинување на притворот, бидејќи тој речиси четири месеци е во притвор а „не е дадена барем една индиција дека Обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело.“

На денешната расправа по барањето, обвинителката Наталија Тасевска изјави дека истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постоои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично делчо – грабнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јас сум на два света, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, вели таткото на Вања

Возачот на Палчо до Турција ослободен од притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими

Редакција

Вакцината за Ковид-19 за сите граѓани ќе биде бесплатна, најавува Филипче

Редакција

По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија

Редакција