еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тепачка помеѓу вработени во фирма, еден прободен со нож, тројца повредени

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 14.06.2024 година во 14:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец ги привеле А.А. (26) и Ј.Б. (24), двајцата од с.Катланово, скопско, поради сомнение дека пред фирмата во која работеле во индустриска зона на подрачјето на Општина Петровец учествувале во физичка пресметка.

Во тепачката Ј.Б. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Н.М., кој бил пренесен во Компекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Притоа, со повреди се здобиле Е.М., Р.Б. и С.Ќ., сите вработени во истата фирма.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Повеќе од 11.000 учесници на скопските улици: Заврши 19. издание на Виз Ер Скопски маратон

Редакција

Најголемата швајцарска банка UBS го презема конкурентот Credit Suisse за три милијарди евра

Редакција

Која е градежната компанија од Белград која стана акционер на 5% од акциите на Гранит

Редакција