еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Тригодишниот Алексеј се бори со тешки болести, потребни се средства за лекување со матични клетки

Тригодишниот Алексеј е храбро и насмеано детенце, роден во 33. недела со крварење во мозочето и поминати 20 дена во инкубатор.

„Мало, но сепак храбро се избори. Како последица на крварењето Алексеј сега се бори со церебрална парализа (деснострана хемипареза), страбизам, не оди и нема развиен говор.

Алексеј до својата година ипол не можеше ниту да седи. Почна со физикални терапии и имаше подобрување во неговата состојба. Конечно после 3 години борба добивме шанса да ни се оствари нашиот најголем сон, да може да застане на нозе и да оди самостојно, да живее нормален живот.

Од Турција добивме големи шанси за Алексеј да прооди. Потребен е третман со матични клетки кој чини 30.000 евра..

Јас како самохрана мајка на Алексеј таа сума не можам да ја обезбедам за моето дете да застане самостојно.

Нашиот народ многу пати покажа дека хуманоста му е силна страна затоа Ве замолувам и овој пат да му помогнете на моето дете да застане на свои нозе, да може да оди самостојно и да игра и трча со своите другарчиња.

Третманот би било пожелно што е можно поскоро да се направи за да може понатаму уште еден третман ако има потреба, зависно од состојбата на Алексеј. Мал дел од сумата е и за патни трошоци и лекарства кои ке се потребни за него, бидејќи и тоа ни е неопходно,“ се вели во апелот.

За донации од земјава и странство: pavelandreev.bg.
Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

Телефонските броеви за донаци се:

Македонски телеком: 143 153

A1: 143460.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од вчерашниот пад на дрво во Скопје биле поврдени две жени, едната од Прилеп, другата од Скопје

Редакција

Како работела Халк Банка лани

Редакција

Во Србија во голема акција уапсени 5 антиваксери поради ширење паника за вакцините против Ковид-19

Редакција