На три различни локации во изминативе 24 часа во Скопје се пронајдени тројца починати мажи.
Маж на возраст од 63 години е пронајден починат на потегот од клучката Арачиново кон клучката Хиподром.
Станува збор за лицето Б.М. од Скопје, кој на 27.10.2024 година бил пријавен дека се оддалечил од домот, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Неговото тело е дадено на обдукција.
Починат маж е пронајден и на кејот на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. И неговото тело е предадено на обдукција.
Во Карпош на скали за влез во подрумски простории е пронајден уште еден починат маж
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а неговото тело е предадено на обдукција.