еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсени четири лица во Струга и во Гостивар за можен тероризам во Македонија и на Балканот

Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено.

Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави.

Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели,“ рече Тошковски.

Во текот на денов лицата кои се македонски државјани, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки.

„Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи,“ подвлече Тошковски. 

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица биле на возраст од 20 до 49 години: Минатата недела 148 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Редакција

Прв случај: Кичевецот позитивен на коронавирусот работел надвор од земјата и бил во државен карантин

Редакција