Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.
Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.
Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје ќе има слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.
Фото: Град Скопје