еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре, поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08 до 18 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“.

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од задутре намалување на дневната температура за десетина степени

Редакција

Несекојдневен случај: Украден гасен пиштол од Театар Комедија

Редакција

Топ пет професи со највисоки плати

Редакција