еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Лидл почна со изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Куманово, ќе користи струја од обновливи извори, а отпадот ќе го рециклира

Германската компанијата за малопродажба Лидл ја започна процедурата за изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во индустриската зона „Речица“ кај Куманово.

Како што информираа од менаџментот на Лидл Северна Македонија во моментов се одвива тендерската фаза за избор на генерален изведувач, кој со изградбата ќе почне во следниот период.

Станува збор за инвестиција од 80 милиони евра, највисока инвестиција на компанијата во земјава, а се очекува вработување на 150 лица.

Парцелата во Куманово опфаќа површина од 170.997 метри квадратни, вклучувајќи логистички центар од 63.000 метри квадратни и комплекс со главна зграда, административни канцеларии и напредна инфраструктура.

Лидл го купи земјиштето во септември 2023 година, преку јавен оглас од Општина Куманово.

Конструиран според современи технологии и приспособен за ефикасно работење во голем обем, логистичкиот центар, како што посочија од компанијата, ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, целосно посветени на оптимизација на операциите.

Логистичкиот центар, како што посочија од таму, ќе биде пример за одржливо и еколошко работење, ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW.

Дополнително, за затворање на покривот ќе се користи материјал од рециклиран отпад, а внатре ќе се постави енергетски ефикасно LED осветлување. Објектот ќе се загрева со отпадна топлина од системот за ладење и целиот генериран отпад ќе се рециклира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Лидл во Македонија веќе работат над 100 лица

Маркетот на Лидл во Кавадарци ќе почне да се гради најдоцна до април

Маркетот на Лидл во Битола ќе биде изграден до следното лето, до него ќе има и трговски комплекс

Фото: Влада/Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Редакција

Скопски Аеродром „ита„ накај 600 активни случаи со Ковид-19, има повеќе од Штип, Тетово, Струмица…

Редакција

Грција со вето ќе го блокира почеток на преговорите на Албанија со ЕУ

Редакција