еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Терапевтското куче Дино ќе ги смирува патниците на аеродромот Скопје

Дино, златен ретривер, обучено терапевтско куче, од пред неколку дена ги смирува патниците на аеродромот Скопје, информираа од ТАВ Македонија.

Додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него.

-Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет.

Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците, велат од компанијата.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денес осум повредени од пожарот во Кочани се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Редакција

Денеска во Прилеп почнува „Фестивалот на пивото и скарата 2024“, еве кој ќе настапи на отворањето

Редакција

Русија исфрлена од Евровизија

Редакција