еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Црвен Крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица

Денеска Црвен крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани, информираат од таму.

„Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава.

За секое лице е исплатено 150.000 денари.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758 денари,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвен Крст собра околу 874.000 евра, парите на семејствата ќе бидат префрлени откако ќе завршат формалностите

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 27 лица од Ковид-19, вкупно до сега 4.677

Редакција

Дрин Ахмети добил жителство на САД, купопродажбата на Соравиа се уште не е завршена

Редакција

Кој е Бојан Маричиќ, новиот министер за правда

Редакција