еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Црвен Крст собра околу 874.000 евра, парите на семејствата ќе бидат префрлени откако ќе завршат формалностите

Црвен Крст собра околу 874.000 евра за помош на семејствата на жртвите и за повредените во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, соопшти денеска генералниот секретар на Црвен крст Македонија, Саит Саити.

Одлучено е секој настрадан да добие по 150 илјади денари првична помош, а за префрлување на средствата потребен е матичен број и писмена изјава со своерачен потпис, за тој кој ги дава податоците.

Поради тоа, и исплатата на средствата се уште не е започната.

„Изминатиов викенд Црвен крст успеа да ги собере податоците од семејствата на починатите. Во соработка со Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, при крај е собирањето на податоците за повредените кои се на лекување во странство. Останува уште да се соберат податоците за хоспитализираните во Македонија.

Прво ќе бидат исплатени пари на семејствата на починатите, а потоа методологијата е дека ќе се исплаќаат пари согласно степенот на понатамошно лекување. Знам дека има критики во јавноста, но мораме да го почитуваме законот. Видовме што се случи со непочитувањето на законите“, рече Саити.

Парите се собрани од граѓани од Македонија и од странство, компании, локални самоуправи, државни институци.

Донаторската кампања ќе трае уште десетина дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За семејствата на повредените од пожарот во Кочани, собрани повеќе од 700.000 евра преку сметката на Црвен Крст

Отворена платформа за директна донација за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Добредојдовте драги браќа!“: Српскиот патријарх Порфириј го пречека поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан

Редакција

На штитеници кои од домот „Ранка Милановиќ“ преминуваат во мали групни домови им треба облека

Редакција

Сите компании ќе останат без субвенцирана струја, не само тие што не ги намалиле цените

Редакција