Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска во Македонија има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, а два се ставени под контрола.
Активни пожари има на територија на општините Чашка и Чучер Сандево, каде гори мешана шума.
Нискостеблеста вегетација гори во прилепскиот регион, а стрниште на територија на струшкото село Горно Татеши.
Пожар ставен под контрола има на територија на Општина Штип, каде се опожарени нискостеблеста шума, смреки и сува трева.
Вториот е во регионот на демирхисарското село Вардино, каде горат исечени дрва за огрев.
Фото: ЦУК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.