еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Четири дена попуст во ТРИ за полни библиотеки

Попуст на попуст на сите изданија на ТРИ и на Паблишер за големо затворање на традиционалниот Зимски фестивал на книгата, информираат од таму.

Од први до четврти февруари има одлична понуда со дополнителен попуст од 10 % на веќе снижените цени, што важи во сите книжарници на ТРИ и онлајн на kniga.mk.

Благодарение на ниските цени, како и на богатата понуда од нови и актуелни наслови, можете да си ги обезбедите дури и најновите и најбараните изданија – „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ од Џули Смит, „Престанете да размислувате прекумерно“ од Ник Трентон, „Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ од Џадсон Бруер, „Митот за нормалното“ од Габор Мате или класиката „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин.

Понудите од 3 книги за 500 и од 5 книги за 500 денари сè уште траат и содржат атрактивен избор што ги вклучува и светски познатите бестселери и класици. Изборот на насловите можете да го најдете на prikazni.mk заедно со различни препораки.

Целата оваа понуда придонесува за уште еден почеток на годината со книги што ветуваат внатрешен мир, успех и проширување на духовните и мисловните хоризонти, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битола лидер на мапата за старт-ап центри: Ниту една идеја не е лоша идеја, обуките почнуваат од 1 март

Редакција

(Видео) ТВ Сител: Борко Андреевски е првиот Mакедонец кој ја прими тест-вакцината против корона вирусот во Англија, и се чувствува добро

Редакција

(Фото) Андријана Јаневска промовираше книга со 150 македонски песни од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Редакција