еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЈП „Стрежево“ Битола го демантира МВР за местењето на тендер за набавка на ратрак

Наводите изнесени од техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на јавната набавка на ратрак во 2019 година, ЈП „Стрежево“ целосно и категорично ги отфрла како невистинити.

„„ЈП Стрежево“ и вработените во претпријатието, ја спроведоа постапката без ниту една дамка и не прекршиле било каква одредба од македонското законодавство. Тоа лесно и едноставено ќе се докаже пред надлежните институции во кои верувам дека нај професионално ќе си ја завршат својата работа

Јавните набавки што за некои политичари се спорни во овие чувствителни политичко – општествени моменти за државата, ги воделе вработени со различен стаж во претпријатието и со различна провениенција, но професионалци во својата работа, кои нема да потклекнат под притисокот за добивање на ситни дневно – политички поени на различни политички чинители.

Нема да потклекне ниту Јавното претпријатие „Стрежево“, бидејќи Стрежево е успешна приказна за Битола со четиридецениска традиција!

Јавното претпријатие „Стрежево“ и во минатото било предмет на напади на различни чинители, но секогаш излегувало посилно. Така ќе биде и овојпат!

После изградбата на првата своја фотоволтаична централа, ЈП „Стрежево“ работи на изградба на систем за вештачки снег, прв во историјата на ски центарот Ниже Поле и прв на падините на Пелистер.

ЈП „Стрежево“ континуирано работи на подобрување на условите за работа на своите вработени и во континуитет им ја зголемува платата, ги подобрува условите за корисниците на вода, вложува во човечкиот и во инфраструктурниот потенцијал што го поседува.

Смислени и тенденциозни напади кон директорот, Методија Граматковски и кон претпријатието нема да не поколебаат да ги реализираме сите проекти кои носат просперитет за Стрежево, за Битола и за Пелагонија,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за директорот на ЈП Стрежево, купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Текстилните работници од Штип кои користеле автобуски превоз да се јават на матичен лекар ако имаат симптоми на корона вирусот

Редакција

Службен весник вработува шест лица, плата до 43.112 денари

Редакција

Кривична за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник

Редакција