еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

10 македонски државјани се вратија преку Атина, Подгорица и Истанбул, евакуација од Израел чекаат уште 100

Министерството за надворешни работи информира дека преку различни транспортни канали, уште десет македонски државјани го напуштија Израел, и тоа: четири со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул.

Заедно со оние кои претходно го сторија тоа, вкупната бројка македонски државјани кои во изминативе два дена го напуштија Израел, надмина 30.

Амбасадата на Македонија во Тел Авив, во тесна координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни активно работат на враќање на уште 100 наши државјани, кои побарале помош во напуштањето на Израел, и кои во најголем дел се наоѓаат на безбедни локации.

Еден дел од нив веќе имаат обезбедено билети преку редовните летови кои се активни преку меѓународниот аеродром во Тел Авив кој е во целосна функција.

Дел се наоѓаат во подрачја кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни, за што веќе е обезбеден внатрешен транспорт низ територијата на Израел за нивно префрлување на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома.

Меѓу нив се и двајца наши државјани во Појасот Газа, за чие извлекување е задолжена Амбасадата на Македонија во Каиро, која е во директна комуникација со Министерството за надворешни работи на Египет.

Според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел престојуваат до 200 македонски државјани, од кои поголемиот дел е прецизно лоциран и редовно се одржува комуникација со нив, се до нивно враќање во Македонија.

МВР апелира до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаи (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

Министерството за надворешни работи на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Редакција

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција