Бројот на заразени со коронавирусот во Македонија со податоците објавени вчера се зголеми за 22.
“Тестирани се вкупно 462 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.
Регистрирани се 22 нови позитивни лица. Потврдените случаи се од 6 градови.
Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 11 лица од женски и машки пол.
Регистрирани се три хоспитализирани лица.
Кај девет лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 13 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Уште само 21 здравствен работник во Македонија заболен од коронавирусот
Скопјанката која почина од коронавирусот имала претходни заболувања
Табела: ИЈЗ