еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Кај децата до 9 години, бројот на заболени од Ковид-19 зголемен за 14,4%

Извештајот на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 22 до 28 ноември, покажува дека се регистрирани заболени лица од Ковид-19 во сите возрасни групи.

„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=635, 23,1 отсто), а најмал број е регистриран кај возрасната група до девет години (n=119; 4,3 отсто).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група до девет години (+14,4 отсто).

Најзабележително е намалувањето кај возрасната група на лица од 10 до 19 години (-10,7 отсто).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1490 (54,2 отсто) лица од женски и 1261 (45,8 отсто) од машки пол,“ се вели во извештајот, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на позитивни на Ковид-19 за една недела се намалил за 6,1%

За една недела 44 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Вучиќ му помогнал на Груевски, прашуваат две српски партии

Редакција

Секој граѓанин што ќе излезе од државата ќе потпише изјава дека следните 3 месеци нема да се врати

Редакција

Рубин Земон седна на пратеничкото место на Томислав Тунтев

Редакција