19-годишник по потекло од Македонија е главен осомничен за можен терористички напад на концерт на позната американска пејачка Тејлор Свифт во Виена, Австрија, објавија австриските медиуми.
Момчето живеело со своето семејство во градот Терниц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За планирање на терористичкиот напад е уапсено уште едно лице, за кое засега нема повеќе информации од австриските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајцата осомничени се радикализирале преку канали од интернет, а момчето по потекло од земјава се заколнално на верност на терористичката група „Исламска држава“.
Во полициска акција се запленети хемиски супстанци од домот на момчето, а превентивно биле расчистени и куќите во близина поради страв од присуство на поголеми количини експлозиви.
Свифт ги откажа планираните концерти во Виена за денеска, во петок и сабота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ