Заклучно со денеска, поминаа 20 дена од пожарот во кој изгоре модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши граѓани, а се уште нема одговор која е причината за истиот.
Освен домашните институции во истрагата се вклучија и германски експерти, а се уште нема ништо ново ни со оставките на директорите на болницата во Тетово и со тие на заменик-министерот и министерот за здравство, Венко Филипче.
Од Јавното обвинителство Тетово, пак за медиумите, без да откријат никакви детали, посочуваат дека се уште се собираат докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.