Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 200.000 дози од кинеските вакцини „Синофарм“ ќе пристигнат на 28 април.
Вакцинацијата освен во салата „А1 арена“ во Скопје, ќе се одвива и во другите градови како Штип, Битола, Охрид, Куманово, Тетово и Кавадарци, за што ќе има средба со градоначалниците и директорите на здравствените домови.
Засега, вакцинацијата ќе се одвива според веќе утврдениот план, а тоа е возраста. Согласно расположливоста со вакцини, ќе може да се вакцинираат од 7.000 до 10.000 граѓани, а Филипче очекува задоволително темпо на вакцинација пред летниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега нема потреба да правиме нарачка од српското производство на вакцината „Спутник“, вели Филипче
20.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнат на 19 и 26 април
Фото: МЗ