Вкупниот број на излекувани пациенти од коронавирусот во Македонија, заклучно вчера, изнесува 1.136.
“Според исходот од заболувањето, 415 лица (25,3%) се активни случаи, 1.136 случаи (69,2%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Од случаите кои се водат како оздравени, 211 (18,6%) биле хоспитализирани додека останатите 925 (81,4%) биле на домашно лекување“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за податоци до 9.мај, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе мажи, 73,6% биле со коморбидитети, детали за починатите од коронавирусот во Македонија
Убава вест: Оздрававени 209 од вкупно заболени 241 здравствени работници во Македонија
5 лица хоспитализирани, 7 имале претходни заболувања, детали за новозаразените со коронавирусот
Фото: Кабинет на претседателот.