Денеска се одбележуваат 22 години од убиството на осумте бранители од страна на терористичката УЧК кај Љуботенски Бачила.
Станува збор за припадниците на резервниот состав на македонската Армија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
Тие на 10 август 2001 година беа во воено товарно возило кое на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина.
Денеска почит им се оддаваше пред спомен – обележјето на бранителот Томислав Настевски во Општината Ѓорче Петров, на споменикот на бранителите во село Волково, спомен – обележјата во селото Љубанци и спомен обележјето во касарната „Илинден“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мизерија: Бранителите кои беа убиени кај Карполак се уште немаат споменик
Фото: МО