Момче од Македонија вчера околу 18 часот се удавило на плажата „Утјеха“ во Црна Гора, пренесува црногорскиот портал „приморски.ме“.
Порталот пишува дека станува збор за 22-годишно момче кое завчера пристигнало во заливот помеѓу Бар и Улцињ каде требало да работи.
На телото на момчето немало траги на насилство, а причината за смртта ќе се утврдува дополнително. Обвинител наредил и обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
22-годишното момче кое се удави во Црна Гора било од Тетово: Детали од МНР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.