еМагазин
Image default
ЖИВОТ

22 лица во Македонија починале, а 664 се заразиле со Ковид-19 и покрај тоа што примиле вакцина

22 лица во Македонија починале, а 664 за заразиле со Ковид-19 и покрај тоа што примиле вакцина, објави телевизијата Алфа.

Податоците се на Министерството за здравство од каде информираат дека од вкупно починатите, 17 се разболеле во првите 14 дена по примена прва доза од вакцината.

„Од вкупниот број на заразени после вакцинација, 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината.

Од вкупниот број на починати лица (22), 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината“, информираат за Алфа од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Петличковски: По вакцинација можно е човек да се зарази, но гарантирано неговата болест нема да има сериозен тек

Д-р Петличковски: Да се размислува за трета доза од друга вакцина за лицата кои со „Синофарм“ нема да развијат антитела

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Редакција

Во март регистрирани четири случаи на ХИВ и два на СИДА, лицата се на возраст од 20 до 44 години

Редакција

(Фото) Ганка Цветанова и Сашко Кедев се икачија на вториот највисок врв во светот

Редакција