25 уметници потврдиле донација на дела за помош на настраданите во пожарот во Грција, информираше графичкиот дизајнер Зоран Кардула на неговиот фејсбук-профил.
Кардула покрена акција, бидејќи грчките уметници донирале свои дела како помош и солидарност после земјотресот 1963 година, и истите тие дела на 26 овој месец беа изложени во МСУ.
Уметниците кои сакаат да донираат треба да му пишат во инбокс.
„Се надевам дека ќе собереме одлична колекција со која ќе ја покажеме нашата солидарност со грчкиот народ кој во овој момент се соочува со огромна трагедија“ , вели Кардула.
Фото: Фејсбук-профил на Зоран Кардула
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ
Уметниците ќе донираат уметнички слики за помош во Грција
Град Скопје ќе помогне со два милиони денари за настраданите во пожарот во Атина