еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трајанов: Да се донесат заклучоци кои ќе имаат широка поддршка во Парламентот

Пролонгирање на процесот и закажување на собраниска седница за францускиот предлог по усвојувањето на ребалансот на Буџетот, оставање простор на околу десетина дена за сериозна расправа со цел да се видат сите аргументи и ставови на партиите за да се донесат заклучоци, кои ќе бидат пошироко поддржани во законодавниот дом, предлага лидерот на Демократски сојуз (ДС), Павле Трајанов.

Заклучоците, како што појасни, треба да ја обврзат Владата да направи обид она што е содржано во нив да го вгради во преговарачката рамка и во другите документи, а доколку не успее тоа би значело дека не може да даде согласност за предлогот.

-Инаку, ако имаме процес на надгласување тогаш јас нема да гласам за заклучок, кој што нема да биде увоен со широк консензус. Се разбира дека некои партии се јавно декларирани против ЕУ, против НАТО, од нив нема да очекуваме ниту пак ќе бараме согласност за евентуален заклучок, којшто ќе се предложи.

Веројатно има повеќе заклучоци од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, можеби и другите партии ќе имаат некои согледувања иако е во драфт верзија, веројатно ќе дојде време да расправаме за нив на оваа комисиска или работна група што ќе е, изјави денеска Трајанов пред почетокот на средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог.

Нагласи дека ДС, ЛДП и ДОМ подготвуваат заклучоци, кои ќе ги презентираат во текот на расправата на политичките партии, но според него страшен хендикеп е тоа што се уште го немат протоколот, кој е клучен за тоа дали ќе се прифати рамката или не.

-Така што на се она што практично реагираме и како партии и како граѓани, медиуми, итн. е вградено во протоколот, кој пак на еден или друг начин е составен дел на пакетот што се носи заедно со преговарачката рамка.

Ќе видиме како ќе биде, но тоа денеска што ќе го зборуваме без протоколот не можеме да го верифицираме, бидејќи како што нагласив тој е составен дел на пакетот на документот што ги носи Советот на ЕУ, истакна лидерот на ДС.

Тој додаде дека ќе има расправа на пленарна седница, на која што секој пратеник ќе може да го каже својот став.

Трајанов нагласи дека заклучоците треба да бидат обврзувачки за Владата ако се дојде до некое решение, на пример во насока на изоставување на некои работи од преговарачката рамка.

-Во никој случај не треба билатерални прашања да бидат вградени во преговарачката рамка или, пак, во рамката да се повикува на меѓувладина конференција околу протоколот кога е усвоен. Значи, врската помеѓу преговарачката рамка и протоколот мора да се прекине.

Протоколот и другите пропратни документи треба да бидат направени врз основа на реципроцитет. Тоа значи да има обврски и за Македонија и за Бугарија, рече Трајанов.

Нагласи дека тој ќе предложи во еден од заклучоците, каде што има обврска Македонија да го промени Уставот со цел Бугарите да бидат вградени во преамбулата, да има посебен став Советот на ЕУ да ја обврзе Бугарија да ги имплементира одлуките на Судот во Стразбур, коишто се однесуваат за правата на Македонците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на делови од предложената преговарачка рамка

МИА/Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум нови лица од Ковид-19, најмладиот е на 43-годишна возраст

Редакција

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Редакција

Пандемијата Ковид-19, топ тема во читаностa на „еМагазин“ изминатава година

Редакција