еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Маск се откажа од купувањето на Твитер

Американскиот милијардер и основач на Тесла и на Спејс Икс, Илон Маск соопшти дека се повлекува од договорот за купување на Твитер.

Маск се повлече од понудата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, обвинувајќи ја дека одбива да дава информации за лажните налози. Твитер веднаш возврати и соопшти дека ќе го тужи Маск за непочитување на договорот.

Вредноста на акциите на Твитер вчера се намали за пет проценти односно на 36,81 долари, што е значително под 54,20 долари, колку што Маск беше подготвен да плати за акција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер за „пишман“ Владата и дочекот на Папата: „Администрација: А кој ден ни е работен?“

Редакција

Заев поднел барање за пасош со „Република Северна Македонија“

Редакција

Годинава регистрирани 42 лица со ХИВ/СИДА, 4 лица починале, најмногу нови случаи има во Скопје и Битола

Редакција