еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

27 државјани од Авганистан кои престојуваа во Македонија, заминаа за Даблин

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин како нивно трајно одредиште.

– Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим во земјата. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, информира денеска Владата.

Во земјава моментно престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

– Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, велат од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадорот во Романија, Жерновски повикан на консултации во МНР

Редакција

Европската Унија испраќа оценска мисија во Скопје за работата на Судскиот совет

Редакција

Пендаровски: Ако постои работа што треба да не исплаши од пописот, тоа е бројката на иселени граѓани

Редакција