Од Кривичниот суд Скопје го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за притвор за седумте полициски службеници од Кочани и Штип за трагедијата во Кочани, за кои денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓу нив има и началници, а сите добија по 30 дена притвор.
„Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите седум осомничени, им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 став 1 точки 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно опасност од бегство, околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат дека може да го повторат делото“, велат од Судот.
Тие се осомничени за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност.
Од Судот, наведуваат дека кривичното дело за кое се сомничат е поврзано со издавање согласност за функционирање на т.н. дискотека во Кочани каде се случи пожарот во кој животот ги загубија 59 лица, а се повредени 196.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени началници и полициски службеници од Штип и Кочани за пожарот во дискотеката
(Вознемирувачко) Страшни сцени: Нова снимка од пожарот во дискотеката во Кочани