еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

42 лица од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

Во Македонија вчера беа регистрирани 62 нови случаи на заразени со корона вирусот.

“Тестиран е вкупно 771 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 221 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Тетово, Прилеп и Битола) каде не се регистрирани позитивни случаи.

Регистрирани сe 62 нови позитивни случаи од 9 градови во државата.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (38,7%).

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 14 позитивни.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 33 лица од женски и 29 од машки пол.

Регистрирани се девет хоспитализирани лица.

Кај 25 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Од вкупниот број на нови регистрирани случаи, 42 имаат контакт со потврден случај.

Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Штип и Карбинци 14 новозаразени со Ковид-19, меѓу кои и две деца на возраст од една и три години

11 новозаразени со Ковид-19 во Чаир: Во кои скопски општини има нови случаи

Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите

Фото: МЗ/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа: „Виз ер“ ќе суспендира голем број летови од Охрид и Скопје

Редакција

По неколку години пауза, Саемот на мебел ќе се одржи од 29 март до 2 април

Редакција

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Редакција