еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

48-годишен кичевец пронајден мртов во прилепско село Десово, двајца осомничени за убиство

Четириесет и осумгодишниот Р.Л. од Кичево вчера е пронајден починат во куќа во село Десово, каде привремено живеел.

Според Министерството за внатрешни работи, причина за смртта на кичевецот се тешки телесни повреди што му ги нанеле А.Ѓ. (29) и Д.Ѓ. (67) од село Десово, Општина Долнени.

– Смртта настапила поради тешките повреди нанесени на главата и телото, што ги констатирал и лекар од медицинската прва помош од Прилеп, а увид извршила увидна екипа од ОВР-Прилеп и јавен обвинител од овој град, информира МВР.

Од полицијата дополнуваат дека по целосно документирање на случајот против А.Ѓ. и Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Редакција

Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата, порачуваат од Грција

Редакција

Институтот за македонска литература: Спорот кој го наметна Бугарија е нерационален и нерелевантен од аспект на историските факти

Редакција