Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека 54-годишен велешанец починал на улица, а жена од Велес наместо да му помогне го ограбила.
На велешанецот Т.Ѓ., му се слошило вчера движејќи се кај дуќаните на Нов мост во Велес, по што паднал на улица и починал околу 10 часот.
Жената (32) која го ограбила е уапсена.
-На 01.03.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С. (32) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ. (54) од Велес одзела пари.
Имено, според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информираа од МВР.
Таа била задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Јавен обвинител дал наредба за обдукција на телото на починатиот, за да се утврди точната причина за смртта.