Рамсторе Македонија, која своите вработени ги прифаќа како едно големо семејство, своите активности ги спроведува преку пристапот на создавање на можности за вработување на членовите на семејството преку постојано проширување на истото, алоцирање на ресурси и време за поединечен и професионален развој на сите вработени пружајќи им еднакви можности, инвестирање во нивната иднина и посветување кон создавање на безбедна и здрава работна средина, велат од компанијата.
Рамстор, како компанија која во текот на 13-те години од своето основање до денес, претставува пионер во голем број успешни практики во малопродажниот сектор во Македонија, исто така ја задржува лидерската позиција и во однос на еднаквоста на можностите преку стапката на вработени жени од 60%, заедно со динамичната и партиципативна работна средина која ја создава, посочуваат од таму.
Од компанијата велат дека просечната возраст на вработените изнесува 33 години, и дека ова им ја дава младешката енергија потребна за успешно работење во динамичниот и конкурентен сектор, како и дека се особено горди што 40% од вработените на менаџерски позиции се припаднички на женскиот пол.
Рамстор Македонија, која остварува големи успеси во малопродажниот сектор, им го честита 8ми Март овој посебен ден на сите жени, истакнувајќи дека една од основните причини за растот, развојот и успехот на компанијата се трудот и поддршката на женскиот персонал.