Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 23 до 29. ноември покажуваат дека во Македонија за една недела има 206 смртни случаи од Ковид-19.
“Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
99 деца до 9 години меѓу новозаболените со Ковид-19
Намалување за 9,9%: За една недела 6.745 нови случаи на Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.