На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментов се хоспитализирани 24 пациенти со коронавирусот.
Седум пациенти се континуирано на третман со кислородна поддршка, а со самокислородна маска, 11, кои се веќе во стабилна добра здравствена состојба, информираше вчера министерот за здравство, Венко Филипче..
Денеска по истекувањето на 14 дена од воспоставување на дијагнозата кај 6 пациенти ќе се земе контролен брис.
Од нив пет се во добра состојба, а пациентката од Дебар, кај која имало влошување на состојбата е поставена на респираторна машина. Таа е во непроменета состојба во однос на неколкуте претходни денови.
Министерот информираше и дека пациентите коишто се на домашно лекување се во континуирана комуникација со лекарите од Инфективната клиника.
До сега е излекувано 1 лице.
Вкупниот број на заразени со коронавирусот во македонија е 114 лица, а од вчера ја имаме и првата жртва, жена од Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови
Најмногу од заразените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 15 до 49 години
Сите детали: Како била лекувана жената од Куманово, која е првата жртва на коронавирусот
Се пренесува ли коронавирусот по сексуален пат?