Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 26 јули покажуваат дека 80,7 од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест.
„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=339) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 88,4/100.000 жители.
Регистрирани се 296 смртни случаи кај лица од машки и 170 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 376 (80,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=290), дијабет (n=133) и белодробна болест (n=68).
Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и три смртни случаи кај здравствени работници„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во 4 фаза: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19
Штип и Свети Николе со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители
24 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница
Фото: МЗ