На вчерашната прес конференција на која за првпат во јавноста се појавија родителите на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова, на социјалните мрежи реагираше и таткото на Кулакова, Тодор Кулаков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на Јованов се појавија заедно со адвокатот на нивниот син, Сашо Дуковски и меѓудругото изразија сочувство на семејството на Кулакова.
-Никогаш немаат вистински каење, а кои и после 9 дена не изразија сочуство… Ниту не исконтактираа…
Ама затоа веднаш подметнуваат телефон во “Шутка”, за да се договараат како да го прикриваат делото – “Убиство” на син им !
Подеднакво исто како што и претходните случаи со судијката ги прикривале, што ги прави соученици со кривична одговорност !
Значи нема нити каење, ни станува збор за сочувство…, напиша тој меѓудругото на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постапката која се води Васил Јованов, проширена и за неговите родители
Пред неколку дена од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека постапката која се води за Јованов е проширена и за неговите родители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пат Васил ја украл колата на родителите и дали го пријавиле, прашува сестрата на Фросина
Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело
„Нашите планови ги срушија за миг“: Емотивна објава на момчето на Фросина Кулакова