еМагазин
Image default
Бизнис

92% од вработените нема да работат во недела: Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи

На барање на Синдикатите и во тесна соработка со Владата, подготвен е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи. Со овој Предлог-закон, се дефинира дека недела е ден на неделен одмор, информира портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

Тој на денешната прес-конференција напомена дека Владата очекува наскоро овие измени да бидат усвоени од страна на Собранието, бидејќи е во насока на унапредување на работничките права.

Со овој Предлог закон, како што рече, се овозможува над 92 проценти од вработените да одморат во недела, и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот

Исто така, измените предвидуваат најмалку 50 проценти повисока дневница и слободен ден.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Австрија

Редакција

Најголемата исплатена штета лани е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра

Редакција

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи, одлучи Владата

Редакција