Деведесет и три отсто од компаниите сметаат дека се потребни нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата, како прекини во ланец на доставувачи, недостиг на микрочипови, прекини на прозводство од страна на клиенти, итн.. и овие мерки би придонеле за одржување на бројот на вработени, субвенционирње на трошоците за електрична енергија и намалување на увозните царински давачки, се заклучува во резултатите од денешната презентирана анкета на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство спроведена од 4 до 15 ноември 2021 година со компании со капитал од САД, Германија, Велика Британија, Канада, Италија, Турција Белгија, Словенија.
Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија на денешната прес-конференција истакна дека анкетираните компании за подобрување на состојбата предложиле поголема помош за инвестиции во нематеријални средства (софтвер), поголема флексибилност во толкувањето и применувањето на договорите и правилата и унапредување на ефикасноста и знаењето на вработените во институциите.
Анкетираните компании се изјасниле дека се релативно задоволни од инфраструктурата на локацијата на која работат. 57 отсто се делумно задоволни, додека 11 отсто не се задоволни од инфраструктурата на нивната локација.
Најприоритетни инфраструктурни прашања за следните 12 месеци анкетираните компании ги истакнуваат пристапниот па, приклучокот за струја и ограда, влез и осветлување.
Недоволно квалификуваниот стручен кадар, бирократијата и непостапувањето на администрацијата и правната неизвесност и честата промена на законите се дел од најголемите пречки во досегашното водење бизнис во нашата земја, според анкетираните компании.
Компаниите посочиле дека најтешко доаѓаат до инжинерски и технички кадар, а најлесно до административен кадар, а како причини за недостатокот компаните ги посочуваат: одливот на кадар во странство, недоволното практично искуство и знаење и несоодветното образование.
– Крајот на минатата година планот беше дека од тие 84,3 милиони возила на глобално ниво кои се планираат да се произведуваат оваа година, од последната проекција во ноември е дека тоа ќе биде само 74,9 милиони, што значи 11,4 милиони возила на глобално ниво оваа година нема да бидат произведени, пред се поради проблемот со чиповите и начинот на кој не можат да стигнат компонентите од било каков вид до произведувачите на компоненти, а потоа и до крајните наши клиенти – производители на возила.
Во нашата индустрија, 2021 година е полоша од 2020 година на глобално и европско ниво и веќе е факт дека продажбата и производството на возила оваа година е помала од минатата година, истакна Мизо.
Педесет и четири отсто од компаниите се изјасниле дека трошоците за увоз на основните суровини за производствениот процес во последните 10 месеци (јануари – октомври) споредени со истиот период во 2020 година се повисоки. Зголемувањето е помеѓу 20 и 35 отсто.
Дури, 46 отсто од компаниите имаат намалување на нето извозот во првите 10 месеци од 2021 споредено со првичниот план. Намалувањето е помеѓу 10 и 35 отсто. За 1,7 отсто е намален бројот на вработените кај компаниите во сериско производство на крајот од октомври 2021 година споредено со состојбата од декември 2020 година.
Во однос на очекувањата за перформансите за 2022 година се: очекувањата за нето приходите за првата половина од 2022 споредено со истиот период од 2021 година, се умерени и 39 отсто од компаниите очекуваат приближно исти приходи.