еМагазин
БЕНЧМАРК

Европарламентот со вонредна резолуција за преговори со Македонија

Европскиот Парламент денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија.

Европскиот Парламент веќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата, а вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Резолуцијата треба да се најде на дневен ред на седницата во Стразбур, а дебатата ќе се одржи попладнево.

Европскиот Парламент би требало да истакне дека жали поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед“.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда“ како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија“, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, со „Северномакедонците“ ќе разговараме следните часови

Редакција

Советот на Европа официјално ја заведе земјата под Северна Македонија

Редакција

Мишел од Блед порача дека до 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Редакција