еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дали болеста на четиригодишната Симона од Штип беше искористена за лажен Инстаграм-профил?

Познатиот блогер Дарко Јефремов обелодени дека профилот so.srce.za.simona на Инстаграм е лажен и дека бил креиран од човек од странство.

Дарко успеал да го добие профилот за да го продаде на заинтересираната фирма за првичната цел, парите да отидат за хуманитарни цели, за лекување на четиригодишната Симона Хаџи Тошев од Штип.

„Се уште мислам дека треба да се прекине со овие профили, сите креираат и нешто пробуваат“, вели Дарко.

Инаку на овој профил имаше апел, да го заследат што поголем број на следачи за поскапо да се продаде. Целта беше 100.000 следачи.

Иако профилот достигна над 90.000 сега бројката е намалена, откако се дозна за измамата.

Претходно профилот изгледаше многу поинаку, со поголем број на фотографии со апел за донации за Симона, и во описот стоеше повикот за поголем број на следачи.

Симона боледува од акутна нелимфобластна леукемија и треба да се лекува во странство. Вчера беше организиран хуманитарен концерт, а се отворени телефонски броеви Т-Мобиле ( 143 424) А1 (143 460).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Браво за штипјани: Масовна поддршка на хуманитарната акција за четиригодишната Симона

Хуманитарна забава за четиригодишната Симона во Штип

Борбата за живот на четиригодишната Симона продолжува: Отворен број на Т-Мобиле

Да помогнеме детето да се спаси: Четиригодишната Симона боледува од акутна нелимфобластна леукемија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дисциплинска постапка за две лица вработени во УБК: Пронајдена марихуана кај нив

Редакција

Зеленски смета дека следните 24 часа се клучни: До сега има 352 загинати цивили, вклучително и 14 деца

Редакција

Во Македонија „протнати“ генетски модифициран ориз и соини шницли

Редакција