еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарна акција во Зоолошка градина за четиригодишната Симона Хаџи Тошев

Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела (27.10).

Од 09:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона.

Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал боледува од акутна нелимфобластна лекумија.

Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб.

Потребно е да соберат 140.000 евра за лекувањето.

Броеви за донации:

Телеком 143 424

А1 143 460

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Дечиња во Штип продаваа сок на пазар за да соберат донации за Симона

Собрани половина од средствата за лекување на четиригодишната Симона Хаџи-Тошев

Дали болеста на четиригодишната Симона од Штип беше искористена за лажен Инстаграм-профил?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен концерт за Леонид во кафе-бар „Мартини“

Редакција

Хуманитарен концерт за Никола: Да ги собереме уште тие 21.000 евра колку што недостасуваат за лекувањето во Турција

Редакција

Хотел Македонија-Макоил од Стар Дојран повторно понуди бесплатно сместување за деца со посебни потреби и социјално загорозени деца