еМагазин
Image default
Македонија

Заев за „Јуроњуз“ на грчки јазик: Неотпочнувањето преговори со ЕУ влијае на Договорот од Преспа

Одредени членови од Договорот од Преспа се поврзани со отворањето на поглавјата во процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, Заев објаснува дека позитивниот одговор од Унијата за почеток на преговорите ќе значеше мотивација за Северна Македонија и Албанија да продолжат по вистинскиот пат.

– Постои поврзаност меѓу спроведувањето на договорот и отворањето и затворањето на поглавјата за интеграција. Особено за внатрешна употреба за некои случаи. Постои поврзаност, бидејќи нашите пријатели Грците прифатија дека можеме да го сториме тоа поради иднината што Северна Македонија ја има во Европската Унија. И во овој контекст, не постои можност за имплементација на Договорот од Преспа.

Дел од него ќе се замрзне, бидејќи не е можно негово спроведување. Ќе се обидеме да имплементираме некои одредби, но двете се меѓусебно поврзани, бидејќи процесот на ротација на поглавјата значи дека ќе го предадеме нашиот национален суверенитет на Европската Унија, вели Заев.

Премиерот во интервјуто истакнува дека за земјава не постои друга алтернатива освен ЕУ и дека европската перспектива е единствениот пат.

– Ако светлата од ѕвездите на знамето на Европската Унија се изгасат тогаш ќе падне мрак. А во мрак ќе се изгубиме. Затоа што, доколку има позитивен терен за радикализација, за враќање на национализмот, тоа ќе предизвика голема штета на целиот Балкан. И кога Балканот има проблем, тогаш Европа ќе има проблем, истакнува премиерот во интервјуто за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Интервјуто на премиерот Заев предизвика низа реакции во грчките медиуми.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за „Политика“: Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите

Димитров: Вон ЕУ не можеме целосно да го комплетираме Преспанскиот договор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

55-годишна жена приведена за лажна дојава за поставени бомби во училишта

Редакција

Трета доза може да примаат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Редакција

Убедливо најголем донатор: Физичко лице даде 12.000 евра за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова“

Редакција