еМагазин
Image default
Бизнис

„Витаминка“ ги зголеми приходите

„Витаминка“ АД Прилеп за периодот јануари – септември 2019 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември  2019 година изнесуваат 1.762.052.000 денари и во споредба со остварените во 2018 година за истиот период бележат пораст од 11 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99 %, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 11%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- септември 2019 година изнесуваат 1.670.331.000 денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 7%.“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го задржа кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед од „Стандард и Пурс“

Редакција

Голем пораст на извозот на заштитна опрема: Македонски маски во Германија, Катар, Холандија…

Редакција

Донесен ребалансот на Буџетот

Редакција