еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровска направи кардиолошки преглед за да ја подигне свесноста кај жените

Во рамки на акцијата „Црвен аларм за женското срцево здравје“, која ќе трае во наредните три месеци до 1-ви февруари, денес, заедно со сопругите на дел од амбасадорите акредитирани во земјава и амбасадорката на Украина, извршивме превентивни прегледи за проценка на ризикот од кардио-васкуларни заболувања, информираше Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска на нејзиниот фејсбук-профил.

„Апелирам до жените на било која возраст да отидат во нивните семејни амбуланти и да извршат скрининг, односно проценка на ризикот за кардио-васкуларни заболувања, бидејќи за жал, еден од најголемите убијци на жената се кардио-васкуларни проблеми.

Превенцијата е од исклучително значење и истата треба да започне што порано во животот на младите жени“, вели Ѓоргиевска Пендаровска.

фото: фејсбук-профил на Елизабета Ѓоргиевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Запален центар за регуртација, протести низ цела Русија по повикот на Путин за мобилизација

Редакција

Ѓоковиќ по 10. пат го освои Австралија опен и се враќа на првото место на АТП ранг-листата

Редакција

Калифорнија бара повлекување на вакцината против Ковид-19 на Модерна

Редакција