Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти Министерсвото за животна средина и просторно планирање, информирајќи ја јавноста дека состојбата во фабриката е под контрола и дека нема место за паника.
„Пилевината ќе биде собрана во текот на денешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и денеска“, информираат од МЖСПП.
Истекувањето се случило во кругот на Органско Хемиска Индустрија “Наум Наумовски Борче”, каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.
Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Што се случи во „Охис“?
Инспeкторатот во контрола на ОХИС: Истеклe неупотребливи хемикалии од поранешната фабрика
Фото: 360 степени