еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Буџетот за 2020 година 3,9 милијарди евра

Предлог-буџетот за 2020 година изнесува 3,9 милијарди евра, информираше денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во Владата.

Најголем дел од средствата, како што истакна таа, ќе бидат вложени во човечкиот капитал, односно за подобрен животен стандард и задржување на младите во државата.

„Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината, нема да бидеме конкурентни со светската економија и нема да може да го одржиме економскиот пораст. Свесни сме дека како земја според индексот на човечки капитал, кој ја мери потенцијалната продуктивност на детето согласно инвестираното во него преку здравството, образованието и социјалната грижа, заостануваме во регионот“, рече Ангеловска.

Приходната страна на буџетот е предвидена за 3,6 милијарди евра, а дефицитот е планирано да се намали од 2,5 на 2,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции за 2020 година изнесуваат 23 милјарди денари и е предвиден согласно досегашната реализација и капацитет на институциите.

За 2020 година предвидени е пораст на економијата од 3,8 проценти и е базиран на пораст на личната потрошувачка поради зголемување на минималната, просечната плата како и зголемување на пензиите е од 850 до 900 денари.

Зголемување на буџетите има кај Министерство за здравство од 38 милијарди денари, Министерство за образование 28 милијарди денари, а ова, покрај другото се должи и на платите на вработените во овие сектори. За аерозагадувањето се предвидени 100 милиони денари. За Министерство за одбрана се предвидени 10 милијарди денари заради спроведување на реформите за НАТО.

Премиерот Зоран Заев рече дека нема задолжување за плати, туку за капитални инвестиции, а за догодина доспеваат 439 милиони евра стари долгови.

Јавниот долг до крај на година се очекува да биде 49,4 проценти, а за догодина 51,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за убиството во Битола: Притвор за дедото кој во домот го застрела неговиот поранешен зет

Редакција

„Ми ќе бидемо прва држава сас колективан имунитет“: Твитер реакции за растот на заразени со корона вирусот

Редакција

АВМУ го тужи Министерството за информатичко општество и администрација поради кратење на средства

Редакција