еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровски ја поклони книгата „Македонија е се што имаме“ од Глигоров на библиотеката на Парискиот мировен форум

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во библиотеката на Парискиот мировен форум даде копија од книгата „Македонија е се што имаме“ од првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

Пендаровски на Фејсбук порача дека наследството од Глигоров треба да биде водилка за одговорност пред граѓаните да се развива општество на соживот и просперитет насочено кон евроатлантското семејство:

“Во библиотеката на Парискиот мировен форум дадов копија од книгата „Македонија е се што имаме“ од првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Таа е добар потсетник како во 1990-тите во време на конфликти на Балканот, се изборивме за самостојност и меѓународно признавање, процеси кои немаше да се случат без лидерството на претседателот Глигоров.

Неговото наследство треба да биде водилка за сите што доаѓаме после него посетувајќи не дека имаме одговорност пред граѓаните да развиваме општество на соживот и просперитет насочено кон евроатлантското семејство“.

Пендаровски учествуваше на Парискиот мировен форум, а вчера имаше средба со неговиот француски колега Емануел Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) По средбата на Пендаровски и Макрон: Гаранции за датумот од Париз сѐ уште нема

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познати сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Редакција

Две лица се ранети при пукањето во „Ист Гејт“, тешко бил повреден Раде Трајковски Штекли

Редакција

Годишен раст од 11,5% на вкупните депозити и 6,5% на кредитната поддршка

Редакција